Дознајте повеќе

За Нас

Нашата историја

Рибен Ресторан Воденица името го има добиено по старата Воденица која се наоѓа веднаш до Ресторанот,изградена е 1905 година.Купена од нашата фамилија 1934 година и од тогаш па се до 1991 година е во функција каде што за потребите на луѓето од блиските села па и градот Делчево се мелело пченица и пченка по 300 кг. дневно.

Обновена е комплетно 2009 година и е задржан автентичниот изглед и е единствена која постои како Етнографски Музеј во Општина Делчево.Интересно уште за старата Воденица е тоа што е единствена во овој регион кај која каменот што го меле брашното вртел на левата страна и затоа ја викале Левакина.Сите материјали од кои е изградена Воденицата се рачно изработени.

До Рибен Ресторан Воденица исто така на само 400 м се наоѓа манастирот Св.Илија и локалитетот Илин Камен каде поради верувањата во моќта на каменот,овде доаѓаат многу неротки кои се протнуваат низ отворот во карпата.